Категории

Грижете се за себе: Како да го задржите позитивниот став во текот на зимата?

Веќе сфативме дека мораме да направиме промени и да се прилагодиме на новиот стил на живот, но со тек на време на многумина ќе им стане се потешко што подолго трае оваа ситуација.

Што да правите оваа зима?
Со студеното време секако ќе се движиме се помалку надвор, со оглед на моменталната состојба кога е опасно да бидеме на отворен простор.
Како да ги намалите шансите за негативно расположение и депресија оваа зима?

Бидете креативни. Ако бидете креативни можете да останете инспирирани и поврзани со другите а и попродуктивни.

Останете поврзани со другите

-Направете групни четови со пријателите и семејството. Во ваквите групи полесно и побрзо се комуницира и остануваме во тек со новостите и случувањата кај другите. Предност исто така е тоа што кога има повеќе луѓе има повеќе прашања, одговори и пораки.
-Користете видео повици. Тоа ќе ви помогне сепак лично да комуницирате со другите но и да водите сметка за својот изглед што сепак влијае и на расположението.
-Договорете „видео кафе“ со пријателите, семејството..
-Повремено испраќајте пораки на оние со кои не сте во стален контакт

Воведете навики кои ќе ве одржат мотивирани и продуктивни
Ова е особено важно за оние кои работат од дома. Немојте да се опуштите и да ја намалите продуктивноста затоа што тоа би можело да влијае лошо на вашата положба во фирмата.
Секоја вечер или наутро напишете ги најважните нешта кои морате да ги извршите тој ден, односно наредниот. Поставете приоритети кои ќе ви помогнат во продуктивноста, но кога веќе имате издвоено што морате да направите, тоа и ќе го направите.

Немојте да заборавите да се опуштите и забавувате
Пронајдете нешто што ве развеселува, ви го поправа расположнието и направете распоред кога ќе се занимавате со тоа. Тоа би можело да биде некоја дневна или неделна активност. Направете нешто ново, вежбајте, лакирајте ги ноктите, читајте за новите трендови, испробајте некој рецепт, учете ново хоби..

Дефинирајте што ви создава стрес
Пред да можете да го решите проблемот, морате да го дефинирате. Кога ќе сфатите што во денот ви создава негативни реакции и стрес, полесно ќе се поставите спрема тоа, но и ќе можете да реагирате со оцел да го намалите влијанието.

Утрото започувајте го со нешто што ве весели
Обидете се да додадете некоја утринска рутина која ќе ви го поправа расположението. Кратко истегнување, зборување за соништата кои сте ги сонувале со децата, подгответе појадок кој го сакате, пуштете ја музиката која ви се допаѓа.

Прегледи:
399
Објавено на:
13.12.2021