Категории

Грофицата која се капела во крв за да остане вечно млада – Која била Ержебет Батори?

Таа се капела во крв од девици за да ја одржи својата убавина. Таа е една од најголемите сериски убијци во историјата..

Елизабет – Ержебет Батори била унгарска грофица, најсуровата жена и масовен убиец.
Уште кога имала само 11 години, убавата девојка ја омажиле за моќниот Ференц Надасди. На 15 години станала грофица Батори а пред да се омажи таа родила девојче за кое се сметало дека таткото е еден од нејзините слуги.

Како свадбен подарок, невестата добила замок во Чахтице во денешна Словенија, кој се наоѓал на врвот на еден рид во средината на селото. Тука таа го поминала својот живот во кој сторила голем број језиви злосторства.

ДО 1602 година, кога нејзиниот маж бил убиен, Ержебет родила шест деца. Сепак, нив ги одгледувале дадилки додека грофицата го поминувала времето дотерувајќи се и грижејќи се за својот изглед. Сведоци изјавиле дека таа била опседната со убавината и желбата секогаш да остане млада.

Не е познато кога Ержебет почнала да убива девојки, но се смета дека било помеѓу 1585 и 1610. За нејзините злосторства веројатно знаеле нејзиниот сопруг и роднините.
Според легендата, откако една слугинка ја изнервирала, ержебет и забила ножици во главата. Крвта на девојката капнала на рацете на грофицата. Кога Ержебет се измила раце, таму каде што капнала крвта на слугинката, нејзината кожа била млада и блескава.

Опседната со својата убавина и вечна младост, грофицата Батори заклучила дека за да ја задржи својата убавина треба да се капи во крв од млади девојки кои биле девииц, па дури се вели дека ја пиела нивната крв.

После некое време таа почнала да мисли дека крвта на младите селски девојки немала влијание, па почнала да убива благороднички кои ги повикувала да и бидат гости во нејзиниот замок.

Со текот на времето таа станала толку невнимателна, па жртвите ги фрлала во дворот а веста за тоа стигнала до Виена и самиот цар.
Се верува дека Ержебет во својот живот убила вкупно 600 девојки.
За нејзините злосторства сведочеле 300 луѓе, а таа била осудена и казнета така што била заѕидана жива во одајата во својот замок каде имало само мал отвор преку кој и доставувале храна.

После четири години од заѕидувањето, Ержебет Батори била пронајдена мртва во 1614 години. Локалните селани не дозволиле таа да биде погребана во селските гробишта па нејзиното тело било погребано на необележано место. Денес локацијата на гробот е непозната.