Категории

Ѓумбирот го зајакнува имунитетот и треба да биде дел од вашата исхрана. Погледнете зошто!

За да се заштитите од настинки и инфекции, но и да ги ублажите реуматските болки консумирајте ѓумбир. Оваа ароматична намирница е истовремено и зачин и лек. Има моќ да смири воспаление, да ја ублажи кашлицата, ја ублажува мачнината во бременоста, ги уништува микроорганизмите и создава енергија.

Облоги

Сварете пет литри вода. Потоа додадете 50 грама ситно исечкан ѓумбир и варете на тивок оган уште пет минути. Кога ќе се излади водата од ѓумбирот намокрете го пешкирот со неа и ставете облога на болното место.

Чај

Излупете и исечкајте го ѓумбирот во големина на палец. Ставете во пет децилитри студена вода, варете околу 20 минути, а потоа процедете и засладете со мед. Пијте неколку шолји дневно.

Сируп

Во два децилитри вода ставете две лажички исечкан ѓумбир, па варете на тивок оган околу 30 минути. Додадете 150 г шеќер или мед сѐ додека не се згусне. Земете по една лажичка сируп дневно, а ако е премногу благ, растворете го во шолја чај и испијте ја.

Прегледи:
430
Објавено на:
26.12.2018