Категории

Хајди Клум како Фиона од Шрек ги освои симпатиите на Ноќта на вештерките!

Една од најславните манекенки на денешницата Хајди Клум не препушта ниту една маска за Ноќта на вештерките на случајноста, па од година во година воодушевува со своите креативни маски и неверојатни трансформации.

Оваа година Хајди одлучи да се маскира во популарниот анимиран лик, познатата Фиона од цртаниот филм „Шрек“, а нејзиното момче, музичарот Том Каулиц се маскираше во Шрек.

Хајди при маскирањето внимавала на секој детал, а преобразбата во Фиона траела дури неколку часа. За да го комплетира целосниот изглед и помогнал тим од стручњаци и шминкери без кои оваа маска веројатно не би била толку оригинална.

Целиот процес на изработка на маската и костумите Хајди го поделила на својот Инстаграм профил со обожавателите кои и оваа година ги остави без текст.

Хајди и Том своите маски ги покажаа на традиционалната забава по повод Ноќта на вештерките во Њујорк, каде што стигнаа во реплика од кочијата од цртаниот филм, а со себе го земаа и малиот Шрек во количка. Тие беа дефинитивно најоригиналната маска на вечерта.

Прегледи:
691
Објавено на:
01.11.2018