Категории

Зошто хималајската сол треба да се најде во секој дом?

Единствената структура на кристалите, како и богатството со минерали и елементи исти како оние во човековиот организам, се главна причина зошто хималајската сол би требало да ја има во секое домаќинство.

Хималајската сол е камена сол од Пакистан во непосредна близина на планинскиот масив Хималаи, каде традиционално се користи повеќе од две илјади години.

Се смета дека потекнува од праисториско море па нејзиниот квалитет не зависи од денешното загадување на морињата. Солта се меле рачно, се пере и суши на сонце и така се зачувуваат сите нутритивни елементи. Таа е единствена по својата кристална структура која човечкиот организам без многу напор може да ја разгради, а за разлика од други видови на сол, хималајската сол природно изобилува со минерали и елементи и се смета за најчиста сол на светот. Содржи повеќе од 80 минерали и супстанци кои се неопходни за нормално функционирање на човечкиот организам, поради тоа се препорачува за секое домаќинство.

Благодарејќи и на препознатливата розеникава боја, која симболизира дека солта изобилува со минерали, а има и благ вкус, стана ценет зачин во целиот свет и се користи во подготовката на речиси сите видови јадења –од месо и риба, до супи и салати. Не содржи адитиви, па во кулинарството може да се користи во потполно природна, нерафинирана форма. Покрај во гастрономијата, хималајската сол се користи и за терапетски цели, на пример за инхалација или топла купка кај реуми и алергии.