Секој сака добро парче торта од време на време. Мислата да направиме или да јадеме готова торта, не’ прави среќни во истиот момент. Но, тортите не се само парче слатко задоволство. Тие можат да бидат и уметнички дела!
Пекари со неверојатни уметнички вештини го „превземаат“ интернетот во свои раце со овие неверојатни торти. Тие споделуваат торти кои изгледаат како малечки хиперреалистични рајски острови. Овие торти се преубави за да би ги јаделе, а сепак, изгледаат толку, толку вкусно.
Овие торти дефинитивно се нешто надреално. Ги истражуваат островите од секаде низ светот. Низ нив има малечки чоколадни бродоломи, корални плажи од колачиња, и многу повеќе. Погледнете ги овие фотографии: