Категории

ХИТ ВИДЕО: 4-годишно девојче ја воодушеви публиката на концерт на легендарниот рокер

Легендарниот рокер Брус Спрингстин во текот на неговиот концерт во Осло на сцената покани едно четиригодишно девојче од публиката, кое ги воодушеви присутните.

Додека ја изведуваше песната „Waitin’On a Sunny Day“, Спрингстин ја видел малата Хоуп како ужива во нумерата и ја покани на сцената. Малата Хоуп се качи на бината и почна да танцува.

Но, главното изнендување следуваше дури откако Брус и го даде микрофонот на Хоуп и таа запеа оставајќи ја публиката без зборови.

Имено, иако има само четири години и англискиот не и е мајчин јазик, Хоуп без грешка сама го испеа целиот рефрен.

https://www.youtube.com/watch?v=OXlV__pR2KM

Прегледи:
325
Објавено на:
08.07.2016