Категории

Хороскопот открива: Кои се најсреќните денови во 2017 година за вашиот знак?

Доколку верувате во хороскоп, тогаш знаете дека ѕвездите имаат вмешано прсти во вашата иднина и имаат некакво влијание на вашето расположение и среќа. Овој пат тие предвидуваат кои ќе бидат најсреќните денови во 2017 година за вашиот хороскопски знак. Во продолжение дознајте кои денови треба да ги искористите до максимум годинава…

 

Овен

Ќе успеете да ги надминете сте неволји и храбро ќе се соочите со сите предизвици. Ве очекуваат многу возбудливи моменти во љубовта. Оваа година некои луѓе ќе ви станат многу важни и ќе се трудите да им угодите, бидејќи нивната насмевка и задоволство ќе бидат вашата најголема награда. Ќе бидете дарежливи и како магнет ќе ги привлекувате луѓето во ваша близина. Со леснотија ќе остварувате нови познанства кои ќе ви го направат животот побогат.

Најсреќни периоди

Од 03.02. до 03.03. Постои голема веројатноста да се заљубите силно и страсно, да остварите финансиски добивки и да уживате во вниманието и комплиментите кои ќе ги добивате од сите страни.

Од 28.04. до 06.06. Венера ќе биде во вашиот знак и освен што ќе ви донесе среќа во љубовта, ова е период кога ќе можете да го примените вашето знаење и работни способности.

Бик

Оваа година ќе направите големи животни чекори. Секое излегување од вашата удобна зона ќе го сметате за победа над стравот и личните несигурности. Во текот на есента ќе доживеете голема промена поради позитивни случувања во вашиот љубовен живот.

Најсреќни периоди

Од 06.06 до 04.07. Подароците, пофалбите и вниманието што ќе ги добивате од вашите најблиски, вербата во сопствените способности и чувството дека сте сакани, ќе ви ги разубават овие денови.

Од 07.11 до 22.11. Промените ќе ви го подобрат животот. Ќе доживеете многу среќни моменти со партнерот.

Близнаци

Вашиот оптимизам ќе биде во постојан пораст. Ќе уживате во излегувањата и ќе остварите некои нови пријателства. Ќе добиете чувство дека конечно ви тргнало во животот што ќе ја избрише горчината предизвикана од лошите искуства во минатото. Ова е вашата среќна година. Живејте со полни гради и верувајте во успехот!

Најсреќни периоди

Од 06.06 до 20.06. Ова ќе биде плоден период за да се докажете на професионален план и да ги усовршите вашите вештини. Новите работните места ќе ги зголемат вашите месечни примања.

Од 06.07 до 30.07. Венера ќе биде во вашиот знак и ќе ги нагласи вашите привлечност и спонтаност, но и ќе ви помогне во остварувањето на љубовните и професионалните планови.

Рак

Ако нешто може да ве направи среќни, тоа е љубовта, чувството дека сте сакани и дека сакате без страв од болка и загуба. Ќе доживеете интимни моменти со личност која долго ја познавате и со која го делите сето она што го имате. Конечно ќе почнете да уживате во некои животни настани што толку долго сте ги чекале. На осамените ќе им се насмевне среќата во љубовта, а упорните можат да добијат награда на игрите на среќа.

Најсреќни периоди

Од 31.07 до 25.08. Ова ќе биде возбудлив период за вас, бидејќи ќе сфатите дека животот е полн со неочекувани изненадувања.

Од 09.12 до 31.12. Срцето ќе ви чука посилно од страст и љубов, а пеперутките ќе се разлетаат во вашиот стомак. Ве очекуваат големи успеси, така што верувајте во себе!

1 2 3

Прегледи:
734
Објавено на:
15.02.2017