Категории

ХОРОСКОПСКИ СУДБИНСКИ ВРСКИ: Oвие знаци постојано се привлекуваат едни со други

Во хороскопот постојат неколку знаци за кои астролозите велат дека се отелотворение на голема страст и силни емоции, односно пример за љубовни врски кои едноставно не можат да се избегнат. Веќе прочитавте за Рибите и Девиците, како и за Близнаците и Стрелците, па еве ги и преостанатите компатибилни знаци чии патишта без сомнение со тек на време ќе се вкрстат…

1. Овен и Вага
Помеѓу нив уште на првата средба може да се појават искри. Сировата и магнетна енергија на Овенот и суптилниот шарм и професионалноста на Вагата создаваат голема хемија. Врската за припадниците на двата знака претставува голем предизвик на кој е тешко да му се одолее. Проблемите во односот можат да настанат кога пристојното однесување и животот по правила на Вагите ќе почне да ги нервира Овните. Вагата, од друга страна, ќе ги засили обидите да го направи Овенот попристоен. За врската да успее, потребно е овие два знака да ги спојат своите спротивставени природи во заеднички активности.

2. Бик и Скорпија
Кога нежниот Бик ќе се отвори пред Скорпијата и кога таа ќе ја види неговата страст за живот, доаѓа до голем оган и посакување. Кога започнуваат со врска, тие не можат да се заштитат еден со друг и конфликтите се неизбежни. Ако страста се насочи кон заедничкото дружење со пријателите, работите можат да се поправат.

3. Рак и Јарец
Чувствителноста на Ракот и силата на Јарецот претставуваат вистински спој. Страста може да ги уништи чувствата на Ракот бидејќи Јарецот го игнорира, додека на Јарецот може да му биде непривлечна несамостојноста на Ракот. Овие два знака мораат постојано да се потсетуваат дека не се само партнери, туку и љубовници.

4. Лав и Водолија
Кралот на својот универзум – Лавот, не може да ѝ одолее на слободоумната Водолија која го признава само својот авторитет. Бунтовничкиот дух го воодушевува Лавот, а за Водолијата најпривлечна е неговата харизма. Преголемата потреба на Лавот за внимание и противењето на Водолијата за сите друштвени конвенции можат да доведат до проблеми. Решението на ваквите проблеми треба да се бара во интимата на домот, далеку од останатите.

Прегледи:
299
Ознаки:
·
Објавено на:
16.02.2017