Категории

ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК ЌЕ ВИ ПОКАЖЕ КОЈА ОД НИВ ЌЕ ВИ ГО СВРТИ ПАМЕТОТ И КАКО

Вага
На овие убавици не им е тешко да освојат било кого. Во прашање е само времето и количината на шминка која треба да ја употребат. Секако дека е важен и вербалниот фактор, но тоа и не е така пресудно. Тие постојано ќе мерат дали тој е доволно добар или има некој уште подобар. Кога таа ќе се подготви за напад, нападот може да се спречи само со бегање.

Шкорпија

Страствени се и секогаш желни за љубов. Освен што редовно на некого му се наметнуваат тоа тие го прават редовно и на тие кои се под нејзина контрола. Кога таа ќе му го фрли окото на некого шансите за бегство се минимални. Агресивноста и борбата ќе бидат пропорционални во однос со состојбата на неговата сметка. Напаѓа експлозивно и незгодно, а особено е опасна за оние кои ќе и се спротивстават.

Стрелец
Жените Стрелци имаат посебна техника на пристап кон мажите. Тие се отворени и пријателски расположени кон секого, без разлика дали повеќе или помалку му се допаѓаат. Доколку мажот го прифати фактот дека нејзиното деколте е премногу отворено, а нејзините нозе препровокативни, а уште ако се почувствува заведен, тоа е само негов проблем. Доколку таа навистина посака да го има едноставно ќе го зграпчи.

Јарец
Овие жени не знаат што е тоа наметнување, ваквите афинитети ги користат на други места. Тие се верни и редовно несреќно се заљубуваат. Но, понекогаш и таа може да почувствува потреба за лов. Во своите настојувања знае да биде досадна и упорна, а покрај тоа што сака да го искористи, ќе ја весели и тоа, што ќе му ја растури врската. Вистинско задоволство и е да гледа како жртвата и објаснува на својата жена каде бил  вчера.

Водолија
Овие жени лесно можат да го добијат мажот кој ќе го посакаат. Нивниот шарм и неконвенционалното однесување лесно ќе ја намамат жртвата, а потоа само со малку тактика ќе ја донесат до крајот. Се започнува како добро пријателство и симпатично дружење, да со време целиот случај заврши во кревет.  Кога дечкото тоа ќе го свати веќе ќе биде касно.

Риби
Рибите се навистина посебни, ретки се оние кои во нив немаат најдено ништо привлечно. Многу мажи и се приближуваат, таа со сите со задоволство се дружи и секогаш постои иницијатива. Ретко сама тргнува во акција бидејќи во меѓувреме полна е со фантазии и сонови. Но доколку на тоа се одлучи, доволно е да види само добар автомобил и да ја промени одлуката. Ваквата состојба често може да трае и долго.

1 2

Прегледи:
603
Објавено на:
17.05.2016