Категории

Хороскопските знаци и одморите: Ракот сака диви плажи, а скорпијата активен одмор…

Плажи, шетање по музеи, богат ноќен живот или уживање во добра книга, дегустација на традиционални специјалитети, склопување на нови пријателства, планина или море – откријте каков одмор сакаат хороскопските знаци.

 

 Овенот сака да истражува

Овенот не е љубител на излежување на плажа, туку одморот го замислува како активна авантура. Тој сака да истражува и планинари, а најмногу ужива во помалку популарни дестинации кои што сака да ги запознава дружејќи се со домашното население. Го привлекуваат дворци и тврдини, а идеални места се некои рурални локации овде кај нас или во Бугарија, Италија или можеби Франција.

 Бикот бара гурмански дестинации

За Бикот уживањето во локалните специјалитети е одмор од соништата. Овој гурман ја обожава храната, пазарите и занаетчиските работилници. Сака да испробува стари специјалитети, но и да учествува во нивната подготовка. Токму затоа го привлекуваат дестинации како што се Турција, Грција, Бразил или Швајцарија.

Близнаците ги привлекува гламур и мода

Омилена активност на Близнаците е шопингот. Тие подеднакво уживаат и во високата мода и во распродажбите. Освен тоа сакаат галерии и музеи, а ги привлекува и гламур. Најважно им е да бидат видени, а идеални дестинации се им некаде на далечниот Исток, или пак Хрватска или Шпанија.

 Ракот ужива во скриено катче

Ракот сака места скриени од погледите на јавноста во кои може несметано да ужива. За него годишниот одмор значи излежување на плажа или читање во убава градина, а сето тоа сака да го овековечи со фото апарат. Идеални места за создавање на спомени се Мароко, Норвешка или некој оддалечен остров во Медитеранот.

Кралството за Лавот

 Лавот го привлекуваат места со богата историја, а посебно внимание кралските резиденции и палати. Тој сака дестинации за богати и не се плаши да си ја испроба среќата на лотарија. Го движи адреналинот и можната добивка, а вродената активност го тера да види и повеќе од тоа. Идеални дестинации за Лавот се Шпанија, Унгарија, Сингапур или Саудиска Арабија.

 Девицата бара духовен одмор

Пребирливата Девица е  маѓепсана од дивината, планините и храмовите. Најмногу ја привлекуваат верските центри и одреден мир кој што произлегува од нив, па за овој знак идеални дестинации се Индија, Мексико, Велика Британија, а од соседството Бугарија или Црна Гора.

 Вагата бара одмор во кој ќе истражува

 Вагата ја интересира традиционален годишен одмор, а таа во сé гледа единствена прилика за стекнување на нови знаења и запознавање на интересни луѓе. Сака едукативни излети, антикварници, а посебно ја привлекуваат истражувачки центри. Исто така не може да им одолее на водопадите, а идеални дестинации за неа се Шведска, финска, Русија или некои земји од блискиот Исток.

 Активната Скорпија ужива во одбрано друштво

Скорпијата како и Ракот ја привлекуваат изолирани плажи, а одморот не може да си го замисли без вода – море или река. Таа сака активен одмор, но во одбрано друштво. Одморот го користи како можност да ја подобри својата телесна кондиција, а идеални дестинации за овој воден знак се Португалија, Африка, Египет или било кое место од рурален туризам каде што има вода.

Стрелецот го привлекуваат спортски арени

Стрелецот е вистински љубител на спортот, па така ги бира и дестинациите за годишен одмор. Сака спортски натпревари и стадиони, а ако и самиот се бави со спорт, најважно му е хотелот да има резервирано и теретана или спортско игралиште. Иделани дестинации за него се Германија, Полска, Израел, Велика Британија, а може и Турција.

 Јарецот обожава музички фестивали

Јарецот не ја поднесува зимата, па годишниот одмор го поминува во топлите краеви. Сака разни активности, од спорт до разгледување и ќе се потруди одморот до крај да го искористи. Го привлекуваат музички фестивали на кои може во целост да се релаксира, а идеални дестинации за него се Кипар, грција и Ирска.

 Водолијата не се враќа дома без добра книга

 Водолијата не тежнее кон типичен годишен одмор – нему му е најважно неговото патување на биде оригинално. Го привлекуваат библиотеки, новинарски куќи и универзитети, а од одмор никогаш не се враќа без добра книга. Идеални дестинации се Белгија, Сицилија, Тунис и Мароко.

Рибите не можат без базен

Рибите не можат без море или базен, а совршениот одмор за нив значи пиење на коктели, сончање на плажа и жешки ноќни излегувања. Тие сакаат туристички места каде можат да запознаат интересни луѓе, а идеални дестинации за нив се целиот Медитеран или Карибите.

Извор: НетПрес
Прегледи:
392
Ознаки:
· ·
Објавено на:
17.07.2017