Категории

Храна која го убива ракот

Насекаде во светот се прават истражувања за ракот со цел да се спречи неговото појавување и да се добие битката против него. 

Според едно истражување кое е направено, постои храна, која доколку редовно се консумира го намалува развивањето на ракот. Овие продукти се чести и многу од вас сигурно веќе ги консумирате.

А оние, кои до сега не ги консумирале, сигурни сме дека ќе започнат да ги консумираат.

Домати

Ризикот од рак на простата може да се намали за 50% со редовно консумирање домати. Ова е благодарение на ликопенот кој се наоѓа во нив.

Црвено вино

Овој пијалак е посебен поради неговиот антиоксиданс резвератол. Тој се наоѓа во лушпата на грозјето која се користи за правење вино. Резвератолот е познат во спречување многу болести, вклучувајќи болести на срцето и предвремено стареење.

Куркума

Куркумата има својства кои се корисни за лекување хронични медицински состојби, го стимулира слабеењето и штити од рак.

Темно чоколадо

Покрај тоа што чоколадото го подобрува расположението, исто така тоа помога да го подобрите вашето здравје и да се борите против ракот.

Боровинки и малини

Бобинките се полни со фитохемикалии кои имаат способност да се борат против ракот. Најдобрите резултати ги покажале во борбата против рак на јајниците. Покрај тоа, боровинките и малините се одлични антиоксиданси и ја намалуваат ангиогенезата во телото.