Категории

Храна која ве прави СРЕЌНИ – Еве која храна ја имаа оваа моќ

Доколку ги конзумирате овие намирници го поттикнувате лачењето на хормонот среќа. Масната, брзата и онаа храна со премногу шеќери влијаат негативно на вас.

ОВЕС
Овој „паметен“ јаглен хидрат има смирувачко дејство на вашиот мозок. Тој е извор на сложени јаглени хидрати и поттикнува производство на триптофан – аминопропионски киселини од кои се синтетизира серотонин.

ЧОКОЛАДО
Сега имате причина плус да уживате во овој десерт. Истражувањата покажуваат дека дури 30 гр. чоколадо значително го поттикнува расположението, особено ако го конзумирате наутро. Тоа го зголемува нивото на серотонин и допамин, тоа содржи и супстанција слична на кофеинот која дава енергија.

АНАНАС
Ја намалува анксиозноста и има противвоспалителни својства. Содржи витамин Ц, помага во подобра концентрација. Тоа е одличен избор за вечера, затоа што му помага на организмот да произведува меланин, хормон за сон.

ЛОСОС
Лососот и скушата се богати со витамини од групата Б, неопходни за производство на серотонин и допамин. Покрај тоа, на нашиот мозок му се потребни незаситени масни киселини, како омега-3. Овие киселини го подобруваат помнењето, расположението и концентрацијата.

ЈАЈЦА
Содржат „добар холестерол“ – ХДЛ. Тоа не значи дека треба да ги конзумирате прекумерно – бидете умерени.

БАНАНИ
Го зголемува нивото на серотонин и допамин во организмот. Содржат витамини А, Ц, К и Б6, а овие компоненти се вклучени во синтезата во метаболизмот на невротрансмитерите како што се серотонинот и допаминот. Бананите се богати со природни шеќери, кои во комбинација во влакната му даваат на телото сила и енергија.

Прегледи:
569
Објавено на:
11.06.2020