Многумина се запознаени со придобивките од медитеранската исхрана, глобално познатата и призната диета и нејзиното влијание врз здравјето и долговечноста. Но, во последно време се повеќе се зборува за уште една интересна европска диета која слично на медитеранската има и многу здравствени придобивки. Станува збор за јужноевропската атлантска диета.
Јужноевропската атлантска диета (позната и како атлантска диета) се фокусира на традиционалната храна и навиките на живеење во северна Португалија и северозападна Шпанија, пишува mbg. Основната храна на атлантската диета вклучува дневна потрошувачка на овошје, зеленчук, цели зрна, маслиново масло и млечни производи. Неделна консумација на морска храна (особено треска и друга риба), јајца, сушено овошје, мешунки и посно месо (на пр. говедско, свинско и живина) и повремено консумирање масно месо и слатки.
Ако ја споредите атлантската исхрана со медитеранската, ќе забележите многу сличности. И двете диети претпочитаат оброци од растителна основа и повремено вклучуваат производи од животинско потекло како свежа риба богата со омега-3, посно месо, јајца и млечни производи.
Како атлантската диета промовира долговечност?
Иако изборот на храна е многу важен за здрави масти, фитонутриенти и антиоксиданси кои имаат придобивки за целото тело, животните навики и консумирањето храна се она што навистина ги поттикнува луѓето од северна Португалија и северозападна Шпанија – што им овозможува да живеат среќно до крајот на животот.
Еве некои од главните принципи на атлантската диета кои имаат позитивно влијание врз здравјето и долговечноста на луѓето:
Се избира и се јаде сезонски и најчесто локално достапна, здрава и растителна храна од регионот. Ова обезбедува добро балансирана исхрана исполнета со фитонутриенти за промовирање на здравјето на целото тело. Големо внимание се посветува на редовното внесување вода, односно хидратација. бидејќи водата е клучна за исфрлање на токсините.
Физичката активност е исто така многу важна. Атлантската диета сама по себе поттикнува секојдневна физичка активност – без разлика дали е во форма на вежбање или едноставни активности за движење како што е пешачење во текот на денот.
Сепак, би можеле да кажеме дека најважната компонента на атлантската диета е нејзината психолошка компонента. Уживањето во храната и нејзиното консумирање во друштво на семејството и пријателите е важен дел од атлантската диета. Кога одвојувате време да се дружите и уживате во задоволствата на храната, тоа е фантастичен начин да ја зајакнете вашата ментална и емоционална благосостојба со што ќе додадете дополнителен квалитет на вашиот живот.