Звукот на коледарите заедно со традиционалните коледарски песни секоја година го будат градот означувајќи го почетокот на празнувањето на големиот христијански празник Бадник. Според македонските обичаи, на 5 јануари започнува славењето на Божиќните празници. Вечерта спроти Бадник првите коледари го палат коледарскиот огин.
Според македонските обичаи, на 5 јануари започнува славењето на Божиќните празници. Вечерта спроти Бадник првите коледари го палат коледарскиот огин и притоа се пејат песни, се игра и се пие топла ракија. На тој начин се „бркаат“ злите духови од земјата. Наредниот ден, на големиот Христијански празник Бадник, малите деца одат по домовите од соседите, чукаат на вратите и пеат коледарски песни. Според традицијата, домаќините за тоа ги наградуваат со колачи, костени, ореви, јаболка и ситни пари.
Бадник или Коледе – денот пред раѓањето на спасителот Исус Христос е еден од најголемите празници за христијанскиот свет. Според грегоријанскиот календар, Бадник секогаш се празнува на 6ти јануари, но гледано според јулијанкиот календар Бадник секогаш е на 24ти декември. Суштината на Бадник е радоста на христијаните пред раѓањето на спасителот Исус Христос.
Самиот збор Бадник, се верува дека потекнува од старословенскиот јазик и значи- да бидеш буден. Така, Бадник или Будник лесно се поврзува со будноста покрај обредниот бадникарски оган.
На овој ден се подготвува богата посна трпеза, каде се става од се по нешто – со цел целата следна година да биде богата и бериќетна. За Бадник се подготвува и лепчето со паричка – најчесто сребрена, со верување дека тој што ќе ја најде паричката ќе го следи среќа и здравје преку целата година. Според традицијата лепчето се крши и се дели на секој член на семејството, а оној кој ќе ја добие паричката ќе го следи среќа цела година.