Категории

Хуман гест: Битолчани го преплавија теренот со плишани играчки за децата од ранливите категории

Битолчани ја покажаа својата хуманост на дело на натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар. Пред одржувањето на натпреварот, раководството на клубот побарало од навивачите да дојдат со плишани играчки. Веднаш по завршувањето на првото полувреме, теренот во салата „Боро Чурлевски“ бил преплавен со плишани играчки. Гестот бил испратен со голем аплауз.

Од клубот велат дека со оваа порака сакаат да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.

Инаку, овој тренд веќе долги години е присутен во Европа, токму пред новогодишните и божиќните празници, а за прв пат се иницираше и во Битола и помина многу успешно.

Прегледи:
609
Објавено на:
17.12.2021