Хуманитарен Божиќен танцов викенд- Од срце за Бојан – се организира се со цел да се соберат средства за лекување на младиот Бојан во Русија.
Заедно креираме спомени, а воедно спасуваме живот. Тимот на инструктори создаде два идеални денови каде што ви стојат на располагање со фитнес и латино програма. Степ аеробик Ивана Бојковска, kangoo jumps Благоја Митрески, workout Елена Бубало, часови за самоодбрана од насилство со тае бо Татјана Јовановиќ, со почетни танцови во сите можни категории: hip hop Александар Аврамов ,reggaeton Сања Матеева, cuban salsa Димитар Мишев со Сања Матеева, bachata Воислав Јазаџиевски со Лаура Крлиу, brazilan funk Татјана Јовановиќ , zouk Mauricio Dende сo Татјана Јовановиќ, kizomba lady style Ана Красива.
Зумба инструктори од цела држава: Благоја Митрески, Ангела Коцева, Бети Зин, Алекс Јоаноск, Елена Јанчевска, Александра Ќулумова, Ирена Лозана, Татјана Јовановиќ, поддржано со најпопуларниот пејач на годината! Бидете и вие дел од овој хуманитарен настан.
Сабота – фитнес ден: Почеток 12:00 часот
Ultimate fit Alebras, Сава Ковачевиќ 1000 Скопје
Ultimatefit Alebras Сабота навечер латино забава на Бродот на среќата.
Недела со почеток во 11:00 часот – целодневни семинари со сите латино стилови: cuban salsa, zouk, bachata, reggaeton.
Локација: Бродот на среќата
Завршување на новогодишната забава во латино стил.
Dress code: сабота shiny night, недела предновогодишно. Ве очекуваме. Од срце за Бојан!