Категории

Хуманитарна изложба на Христина Тарабунова- Собраните средства наменети за дечињата од онкологија

На 29-ти април- „Интернационалниот ден на желбата“, во кафе бар „Излет“, ќе се одржи втората самостојна изложба на младата и креативна Христина Тарабунова, која ќе се претстави со рачно ткаени парчиња мутави (черги) на еден сосема индивидуален начин, многу поразличен од традиционалниот.

Изложбата „13 причини зошто“ ќе биде од продажен карактер, а покрај Тарабунова ќе учествуваат уште 10 млади талентирани уметници. Проектот е замислен како целодневна забава, а собраните средства ќе бидат донирани во фондацијата Златна Рипка за децата болни од тешки болести од одделот Онкологија во Државна болница. Настанот ќе биде отворен за сите посетители, а влезот е бесплатен.

Прегледи:
463
Објавено на:
20.04.2018