Рекламите на Coca-Cola се секогаш меѓу најдобрите, а не се ништо помалку и оваа година.
Новата година и празниците се ближат, а по тој повод препознатливиот бренд нѐ почасти со уште една божиќна реклама којашто ни прелева магија и само магија.
Овогодинешното мото на рекламата гласи: На светот му требаат повеќе дедо Мразовци!
Дедо Мраз сите нѐ асоцира на добрина и ширење љубов, па така на рекламата можат да се видат како стотици дедо Мразовци шетаат по улиците на градот славејќи ја божиќната атмосфера во придружба со Coca-Cola.
Вие подгответе се за најубавите и најмагичните празници, а пред тоа погледнете ја магичната реклама: