Категории

„Иако се смеам, не е смешно“ – Колку е Скопје (не)пристапно за движење на лицата со хендикеп?

“Иако се смеам, не е смешно” – Марко продолжува со неговиот предизвик како дел од проектот на УНИЦЕФ „Биди фер – За детство без пречки“ да види колку се пристапни тротоарите за корисниците на количка. Се изненадивте ли од исходот?

Скопје е град каде единствена пречка се паркираните коли и жардињери, масите на кафичите и руинираните тротоари и улици. Не, инвалидската количка не е пречка.

Погледнете ги искуствата на Марко и вклучете се во кампањата Биди фер – За детство без пречки. Со новата апликација Без пречки мапирајте пречки или позитивни примери на пристапност во вашата заедница.

За корисниците на Андроид мобилни уреди, апликацијата е достапна на http://ow.ly/CVVt309xRTV , додека за корисниците на Ајфон http://ow.ly/xFtP309xRYJ.

Прегледи:
399
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
15.03.2017