Категории

Идеалниот маж според жените ги поседува овие 6 особини

Ниедна жена не смее да прифати ништо помалку од ова.

Зрелоста не може да се купи нити да се научи. зрелоста се обликува со научените животни лекции на човек. Ова се 6 особини кои ги поседува вистински зрелиот маж кој е вреден за брак.

1.Држи до себеси
Тој не е маж кој мора да биде во центарот на вниманието. Тој секако не се плаши од тоа, но не му е потребно за да се чувствува важен. Тој е маж со кој можете да имате разговори кои имаат смисла. Слуша кога зборувате и се грижи за вашето мислење.

2.Забавен е
Тоа е маж кој не се сфаќа себеси премногу сериозно. Си дозволува на себеси искрено да се насмее. Духовит е и поради него често имате насмевка на лицето.

3.Емоционално е достапен
Константно работи на себе, на своите стравови, несигурности и не му е срам да ги покаже своите чувства. Не се обидува да побегне од обврските туку храбро се бори со сите препреки. Спремен е отворено да ви ги покаже своите чувства и јасно да му даде до знаење на околината колку му значите.

4.Отворен е и директен
Со него секогаш знаете на што сте. Тој не сака да игра игри и се што му смета ќе ви каже во лице. Нема да прави љубоморни сцени и нема да ве „сопнува“ во текот на животот.
Тој е свесен за себе и нема потреба да се претвара дека е некој друг освен она што е во суштина.

5.Цврсто стои на земја
Вистинскиот маж се однесува заштитнички кога е потребно тоа, но не затоа што е несигурен во себе или не ви верува, туку затоа што сака да ви покаже дека е тука во секој миг.

6.Свесен е за своите квалитети
Здравиот маж има свој идентитет и е свесен за себе – знае кој е, за што се бори, има свои уверувања и вредности. Неговото однесување не се менува без оглед на тоа каде е и што прави, тој е секогаш ист.

Прегледи:
707
Објавено на:
07.12.2020