Категории

Идеи за како да се нашминкате за Ноќта на вештерките

Иако само што октомври започна, подготовките за Ноќта на вештерките веќе започнаа…

Ноќта на вештерките, иако не е наш официјален празник, многу луѓе сакаат да го слават, па така имаме забави низ целиот главен град, маскирани маскенбали и тематски забави кои се паметар цел живот. За вечерта потребна е добра и оригинална маска, но и одлична идеја за шминка – покрај облеката која можете да си ја купите или сами да ја сошиете.

За среќа, интернетот е одличен извор на инспирација, така што можеме да најдеме многубројни идеи за шминка или цели костуми. Денес, ќе се фокусираме само на шминка која изгледа (барем за нас) многу подобро од купена маска. Да, ќе ви треба малку повеќе време да го дојдете до посакуваниот изглед, особено ако не сте уметнички ум, но едно е сигурно – ќе бидете ѕвезда на вечерта.

Во галеријата погоре, видете како можете да се „нашминкате“ за Ноќта на вештерките – најстрашната ноќ!

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
959
Објавено на:
06.10.2019