Категории

Идентични тетоважи и избричени глави за победата над ракот: Мајка и ќерка ја покажаа силната врска

Поддршката од семејството е клучна кога некој минува низ тежок период, а Вероника Куинтанила дефинитивно ја добива од својата ќерка.

Грижливата девојка си ја избричила главата на последниот ден од хемотерапијата на мајка си. Потоа, двете си направиле складни тетоважи кои се потсетник за нивната победа во тешката битка против ракот.

Случката, која на прекрасен начин ја прикажува силната врска мајка-ќерка, беше објавена од пријателка на Вероника на страницата Love What Matters. Нивната фотографија навистина вреди илјадници зборови.

Ова е мојата пријателка Вероника Куинтанила на последниот ден од своето лекување од рак. Нејзината ќерка си ја избричи главата во знак на поддршка и двете си направија складни тетоважи. Врската помеѓу мајка и ќерка е толку убава. Вака изгледа вистинската љубов.

Прегледи:
425
Објавено на:
29.07.2016