Категории

Ифрлете ги овие 4 намирници од исхраната и килограмите сами ќе се стопат

Оваа храна најмногу ни се допаѓа, но доаѓа убаво време, планираме летен одмор, затоа е време да се ослободиме од вишокот што се собрал во текот на зимата, а некои од нив мора да ги исфрлиме од исхраната.

Сите знаеме која храна е најштетна за нашето здравје и нашата линија. Сепак, ние вешто го игнорираме тој факт сè додека не се приближи летото. Покрај генетиката и физичката активност, храната што ја конзумираме може да има клучно влијание врз нашата тежина. Правилната исхрана е повеќе од важна за слабеење или за одржување на добра линија, па доколку сакате да изгубите тежина, избегнувајте ги овие четири намирници и сигурно ќе изгубите барем неколку килограми до летото.

1. Газирани пијалоци
Тие се најголемиот извор на празни калории. Тие го исполнуваат телото со голема количина калории, и немаат хранлива вредност. Поверојатно е да се здебелите ако редовно пиете сокови.

2. Алкохол
Веројатно сте забележале колку вашето тело уживаше во периодот без клубови и излегувања – затоа што не пиевте алкохол. Ако сакате да изгубите тежина, треба да ја намалите потрошувачката на алкохол на минимум. Покрај тоа што трошите големи количини дополнителни калории, тоа ве охрабрува и да јадете повеќе и го забавува метаболизмот.

3. Транс маснотии
Тие се наоѓаат во пржена и преработена храна. Транс мастите поттикнуваат гоење, а исто така предизвикуваат складирање на маснотии од другите делови на телото во абдоминалниот регион.

4. Рафинирани житни култури
Овие вклучуваат брашно, бел леб, бел ориз, бели тестенини и нивни деривати. За време на процесот на обработка, оваа храна губи влакна и хранливи материи, а остануваат шеќер и скроб, кои се претвораат во маснотии и доведуваат до гоење. Треба да јадете производи од житни култури од цели зрна.

Прегледи:
708
Објавено на:
03.06.2021