Категории

Игнорирањето е мајка на одмаздата – Како интелигентните луѓе се борат со негативноста

Кога ќе бидат нападнати особено од блиски личности, поголемиот дел од луѓето се повлекуваат во изолација. Но тоа е всушност целта на негативните личности во вашиот живот, да се повлечете како вие да сте виновни и со тоа да им олесните да ја земат под свое контролата врз вашите емоции.

„Ако луѓето се ободуваат да те поразат, тоа значи дека си над нив“, вели старата изрека.
Во денешно време, кога сите се стремат кон успех, слава и моќ, моралот и правдата полека исчезнуваат, затоа што фер играта веќе станува мислена именка, а газењето преку се и сешто за да се стигне до целта – станува потреба.
Суетата е дел од сечие работно опкружување, зависта и љубомората се се почести, неправдата поминува неказнето а чесните и добри луѓе не знаат што да прават.
Кога во таа игра, со работа, труд, и чесност ќе ги престигнете оние амбициозни и без покритие самоуверени луѓе, тие почнуваат да чувствуваат желба за одмазда.
Ќе почнат да прават сплетки и ќе се обидуваат да ве спуштат на нивно ниво подбуцнувајќи ве со двосмислени изјави.
Доколку ви се случи тоа, потребно е да знаете само едно нешто, а тоа е дека игнорирањето е мајка на одмаздата. „Кога човек е игнориран, ќе се запраша зошто. Доколку ваквата повратна реакција ја предизвикал со очигледната лоша намера, тоа нема да му даде мир“, вели психологот Елизабет Мејер.
Една стара изрека вели „Се што е потребно за триумд над злото, е добриот човек да не направи ништо“.
Интелигентните луѓе ја користат осветата како оружје за свој просперитет, но тоа нема врска со туѓиот живот и сплетките, еве на кој начин интелигентните луѓе ја применуваат осветата:

1.Зборуваат преку своите дела
Не дозволувајте емоциите да управуваат со вашите постапки и осветата да стане нешто лично. Тоа ќе направи подоцна да се чувствувате лошо, па затоа правете го она во кое сте најдобри, без одговори, правдања, и разговор со оние кои не го заслужуваат тоа и само посакуваат да ве влечат надолу.

2.Не се изолираат
Кога се нападнати, особено од блиска личност, поголемиот дел од луѓето се изолираат и повлекуваат. Но злобните луѓе го посаквуаат токму тоа, не им дозволувајте да управуваат со вас и вашите емоции на тој начин.

3.Не го возвраќаат нападот веднаш
За да избегнете да бидете етикетирани со изреката „Нападот е најдобра одбрана“, оставете ги нештата да мируваат некое време. Кога ќе се изнервирате и во бес го возвраќате нападот, со тоа ги откривате своите слабости и така го храните оној кому тоа и му била целта.

4.Стануваат успешни
Ништо нема да го повреди лошиот човек како туѓата среќа. Тоа е уште една причина во низата зошто интелигентните луѓе стануваат уште по успешни кога некој ќе се обиде да ги повлече кон дното. Најлошото што можете да го направите е да им возвратите со иста мера. Во тој случај не сте подобри од оној кој ви направил зло, токму како што некој рекол „Злото не може да се исправи со зло“