Категории

Илон Маск: Не го мешајте школувањето со образованието. Не одев јас на Харвард, туку луѓето кои работат за мене!

Пронаоѓачот и претприемник Илон Маск, не е обожавател на традиционалниот модел на школување. Имено, тој неодамна соопштил дека традиционалното школување не е повеќе приоритет во животот на поединецот.

„Мислам дека голем дел од работите што ги учат луѓето, нема поента да ги учат, затоа што никогаш не ги користат во иднина“, рекол Маск во едно интервју.

Маск во минатото открил дека неговото лично искуство во јавното училиште било страшно, исполнето со насилство и лекции, кои ниту биле корисни ниту пак интересни.

Формалното образование на кандидатот не е приоритет. На Маск не му е важно ниту дали неговите вработени имаат факултетски дипломи.

„Дури и нема потреба да имаме факултетски дипломи или средно училиште. Ако некој дипломира на добар универзитет, тоа може да биде показател дека е способен за големи нешта, но тоа не е нужно“, рекол Маск.

Тој водел и неколку интересни разговори на Твитер на оваа тема. Минатата година, одговорил на твит кој гласел: „Не можеш да успееш во животот без диплома. Затоа ви треба школување, ако сакате да одите на Харвард.“

„Тоа не е вистина. Не го мешајте школувањето со образованието. Не одев јас на Харвард, туку луѓето кои работат за мене“, рекол Маск.

Во едно интервју Маск открил дека направил школо за своите деца за да можат да ги следат сопствените насоки во учењето.

„Не сум видел дека редовните училишта го прават она што мислам дека треба да го прават. Некои луѓе сакаат англиски или други јазици. Некои сакаат математика. Некои луѓе сакаат музика. Различни способности, различни времиња. Има поголема смисла обуката да биде во склад со нивните способности и можности“, рекол Маск.

„Во склад со ова, тој смета дека практичното искуство е поважно од тоа децата да научат класични одговори на прашањата.

„Важно е да научите да го решавате проблемот или да го научите проблемот, а не алатките. Да речеме дека се обидуваш да ги научиш луѓето како работат моторите. Традиционалниот пристап би рекол – Ние ќе научиме сѐ за клучевите и штрафцигерите. Ова е многу тежок начин да го направите тоа“, рекол тој.

Маск смета дека е подобро да им се дозволи да го расклопат моторот и сами тоа да го сфатат.

„Како ќе го раздвоиме? Потребен е штрафцигер, и потоа се случува нешто многу важно: релевантноста на алатот станува очигледна“, рекол тој.