Категории

Илустраторка ре-креира цртежи од своето детство

Xi Chen е илустраторка, уметница и писателка од Пекинг. Таа има живеено во Италија, а моментално живее во Велика Британија.

Љубовта кон уметноста, илустрациите и „оживувањето“ на празните лисја хартија ја привлекувало уште од најмала возраст, па затоа и продолжила професионално да се занимава со илустрирање.

Нејзиниот најнов проект е рекреација на нејзини стари цртежи, од пред 30 години, и резултатот е пресладок. И старите и новите илустрации изгледаат како нешто што би било прекрасно да се види во книга за деца.

„Големото дрво“ – 7 години и денес

„Забава на печурките“ – 7 години и денес

„Домашна забава“ – 7 години и денес

„Карневал“ – 7 години и денес

„Убав ден“ – 7 години

„Брод-змеј“ – 6 години и денес

 

Прегледи:
736
Категории:
Уметност
Објавено на:
08.10.2020