Категории

ИМАА СРЕЌА: ПИКЕ ВО ФИНИШОТ НА МЕЧОТ ДОНЕСЕ ПОБЕДА НА ШПАНИЈА

Шпанија со минимална победа против Чешка (1:0) тргна во одбрана на титулата на ЕП.

Денешниот натпревар не беше претерано атрактивен, а Чешка на нападите на Црвената фурија оддолеваше се до самиот финиш, кога е виден и единствениот гол на натпреварот.

Шпанија во поголем дел од натпреварот беше агилен тим на натпреварот, а најдобрата шанса ја имаше Алваро Мората во 16 минута кога неговиот удар одлично го одбрани Петр Чеш.

Второто полувреме донесе нови напади на Шпанците, кои се закануваа преку Алба, Мората и Нолито, но резултатот не се менуваше до крајот. Црвената фурија до победа дојде во 87 минута, кога Џерард Пике конечно го проби бедемот на Чешка и на својата репрезентација донесе вредни три бода.

Чесите имаа шанса во првата минута од судиското продолжение, но Де Геа го запре ударот на Дарида. Во групата Д, Шпанија и Хрватска имаат по три бода, додека Чешка и Турција без бодови после првото коло.

Прегледи:
371
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
13.06.2016