Категории

Имате орхидеја, но никако да расцвета? Еве што треба да направите!

Orhideja falenopsis е една од најубавите собни билки. Најчесто ја купуваме кога има цветови. Со тек на време цветовите паѓаат, а сопствениците на орхидеите почнуваат да се запрашуваат што прават погрешно.

Просечната должина на цветањето на орхидеите е 3 месеци. Обично цвета два или три пати годишно. Паузата помеѓу цветањето може да биде одложена и за неколку месеци. За да уживате почесто во цветовите на оваа билка ќе ви помогнат следните совети.

Што треба да направите за орхидејата да цвета:

  • Создадете температурна разлика: ставете ја саксијата преку ноќ на поладно место (до 15 степени)
  • Намалете ја количината на азот. Фосфорот треба да има предност, бидејќи тој го стимулира цветањето
  • Навлажнете го воздухот околу билката
  • Преместете ја саксијата со орхидејата на 5 дена на темно место. За три недели треба да се појават пупки. Овој начин е погоден само за израснатите и здрави билки.

  • Наместо заливање се препорачува во саксијата со орхидеја да ставите неколку коцки лед, така побргу ќе процвета.
  • Ако забележите дека кај нерасцветаната орхидеја активно растат корења и лисја, значи дека и одговара средината. Додека овој период не се заврши, билката нема да процвета. Бидете внимателни.

Најважно од сѐ е да и ја обезбедите на билката соодветната нега. Таа сака многу светлина и се плаши од преголема влага. За време на цветањето се залива по малку, два пати неделно, а за време на мирувањето – доволно е и еднаш неделно.