Категории

Имате тенко и лесно кршливо влакно? – Ова се најчестите причини за опаѓањето на косата

Губењето на косата подеднакво ги погодува мажите и жените, а секое губење на косата во поголем степен се нарекува алопеција. Некои видови ќелавост може да се појават и поради алопеција ареата, автоимуно нарушување.

Причини за губење на косата
Опаѓањето на косата може да биде предизвикано и од генетски предиспозиции, земање одредени лекови, премногу витамин А или недоволно протеини, хормонална нерамнотежа, недостаток на железо, неправилно функционирање на тироидната жлезда, нагло губење на тежината и недостаток на витамин Б12.

Други фактори кои придонесуваат за дополнително опаѓање на косата кај жените се неурамнотежена исхрана, хируршки интервенции, тешки инфекции со висока температура, автоимуни заболувања (лупус, ревматоиден артритис), кожни болести (псоријаза, себореичен дерматитис) и одредени лекови како што се бета блокатори, антидепресиви, антиинфламаторни лекови или контрацептивни апчиња. Исто така, една од причините е стресот кој директно влијае на опаѓањето на косата.

Како да спречите опаѓање на косата
Кога станува збор за лекување на овој проблем, стручњаците советуваат да го спречите опаѓањето на косата со јадење одредени намирници. Станува збор за храна богата со железо, цинк и биотин (спанаќ, кељ, тофу, грав, црвено месо), како и зголемен внес на протеини. Најдобри извори на протеини се риба, пилешко, свинско месо, млеко, јајца, јогурт, јаткасти плодови и соја.

Исто така, се препорачува обичниот шампон за коса кој ја суши косата да го замените со шампон без сулфат, со оглед на тоа дека се понежни за косата.

Ако вашата коса е тенка, задолжително нанесете регенератор по миењето со шампон. Овој едноставен чекор може да ви ја спаси косата, имајќи предвид дека по нанесувањето на регенераторот, косата полесно се чешла, а со тоа и помалку се крши.

Прегледи:
532
Објавено на:
10.07.2022