Категории

Импозантно божиќно дрво го краси Лондон – Новогодишна бајка во англиските хотелски лобија

Од овие изгледи ќе ви застане здивот.

Дури ни пандемијата не успеа да го расипе празничниот дух. Пред Божиќ најелитните лондонски хотели, ресторани и други важни локации во градот започнаа своевиден натпревар кој ќе има најспектакуларно декориран простор. Од заледена бајка во Claridge до импресивно дрво во The Ned хотелот, оваа сезона во престолнината на Велика Британија владее фантастична атмосфера.

Хотел The Ned
Ова импозантно дрво е високо 6 метра а го осмислија цвеќари од Grandirose. Традиционално има 6,000 светилки, златни листови папрати како и повеќе од 1,000 украси во златна боја, боја на слонова коска и шампањ.

Хотел Claridge
Оваа година е инспириран од ‘арт деко’ корените. Го создадоа ова заледено дрво во соработка со долгогодишните партнери McQueens Flowers. Секоја снежна гранка на ова дрво е обвиткана со блескави траки од со повеќе 10,000 кристали. А тука се и стаклените герланди и украси рефлектираат светлина по целото хотелско лоби.

Хотел Aqua Shard
Нивното божиќно дрво го дизајнира најнаградуваниот уметник Сутра Гилмур кој во оваа прилика им оддаде чест на луѓето кои работа позади сцената во лондонската театарска индустрија, моментално најпогодена поради пандемијата. Светлечката структура е направена од стотина рачно обоени четки за фарбање кои ги осветли дизајнерот за светла Џон Кларк. Тие направија и специјални десерти и коктели кои стојат покрај дрвото а приходот од продажбата заминува како донација во фондот Theatre Support.

Хотел The Belmond Cadogan
Се здружија со Харви Николс и го направија ова импозантно божиќно дрво. Традиционално имаат три прекрасни врсти украси, како и рачно обоени топки кои ги направи Tom Martin London, како и жици со сребрени светла и необични ѕвезди.

Covent Garden
Оваа година нивното спектакуларно дрво е високо 18 метри а на него се наоѓаат преку 115,000 лабички кои ја осветлуваат целата околина.