Индиско вселенско летало се упати кон јужниот пол на Месечината.
Ова е повторна мисија да се истражи Месечината од страна на Индија откако пред речиси четири години имаше неуспешен обид да се слета на површината, соопштуваат од вселенската агенција.
Патувањето ќе трае малку повеќе од еден месец.
Индиските вселенски инженери и научници славеа додека го проследуваа лансирањето, а уште илјадници Индијци ракоплескаа и навиваа надвор од контролниот центар додека го гледаа вселенското летало како се издигнува кон небото.
Доколку вселенското летло слета успешно, тоа би ја направила Индија четврта земја по ред којашто успеала во овој подвиг после САД, Советскиот Сојуз и Кина.