Категории

Инспиративна приказна: Родена е без рака, носи протеза и управува со авион!

Џесика Кокс е родена во 1983 година и припаѓа на малата група од 6% жени кои се некомерцијални пилоти во Америка. Меѓутоа, она по што се разликува е што таа е првата авијатичарка на светот без рака.

Родена е без рака како резултат на вродена маана, но никогаш не дозволила инвалидитетот да и стане недостаток. Во младоста научила како да ги користи стапалата наместо раце. Како девојче честопати била депримирана поради тоа.

За себе вели дека била „безобразно дете“ бидејќи едноставно не можела да разбере зошто таа немала рака кога имале и постариот брат и помладата сестра и родителите.

На почетокот на осмото одделение, по единаесет години носење протеза на раката, решила да не ја носи повеќе. Всушност, тоа бил почетокот на нејзиниот нов живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Cox (@rightfooted)


За време на одморите сакала да се лула, бидејќи на тој начин можела да се контролира и да замисли како лета над сѐ. Тоа ја разбудило нејзината фантазија и одлучност да стане пилот. Знаела дека доколку може да стане пилот, ќе има своја слобода. Почнала да тренира Тае Кван До, бргу напредувала, па веќе на 14 години положила за црн појас.

Откако завршила факултет, продолжила со вежбање, па го запознала инструкторот по теквондо Патрик Чамберлејн за кого и се омажила во 2012. година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Cox (@rightfooted)


Нејзината желба да стане пилот се родила откако одржала говор во Rotary клубот, каде што Робин Стодарт ја повикал да учествува во неговата непрофитна организација Wright Flight.

Во текот на патување во Мексико во мал едномоторен авион добила можност да ја стави ногата на управувачот и да осети како е да возиш авион.

Оттогаш, исчезнал стравот. Чувството на контрола и слобода преовладало. Тогаш се посветила на себе и го остварила својот сон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Cox (@rightfooted)


Меѓутоа, тоа не поминало без потешкотии. Посебен предизвик претставувал наоѓањето инструктор кој ќе ја учи. Многумина од нив не се чувствувале пријатно да учат некој кој нема рака да управува со авион.

Но, Џесика била упорна и на крај пронашла учител кој потполно ја обучил. Вредно тренирала, учела, а нејзиниот инструктор очекувал дека ќе го положи тестот и ќе ги заврши сите задачи во текот на летот без помош.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Cox (@rightfooted)


Сонот станал јаве во 2008. година кога го имала првиот самостоен лет. Таа е борец за закон за Американците со инвалидитет и станала заговорничка за носење Конвенција за правата на личностите со инвалидитет, која им дава право на пристап кон образование и здравствена заштита.

Станала амбасадорка за добра волја за хуманост и инклузија (вклучување на луѓето со инвалидитет во општеството), ја пропатувала цела Европа, Африка и Австралија.