Категории

„Instagram“ и „WhatsApp“ наскоро добиваат нови имиња!

Јасно е дека Facebook од самиот почеток влијае на развојот на Instagram и WhatsApp, бидејќи на чело на овие апликации се извршните директори на Facebook. Но, наскоро овие две апликации ќе ги променат своите имиња за да биде уште појасно кој стои позади нив.

Па така, Instagram наскоро ќе биде „Instagram from Facebook,“ а WhatsApp ќе се преименува во „WhatsApp from Facebook.“ На дисплеите на корисничките уреди засега нема да се менуваат имињата, а од компанијата велат дека ова е само дело на настојувањето да се стави до знаење кои производи доаѓаат од Facebook, да се поврзат сите услуги, како најавени интеграции кои треба да ги поврзат Facebook, Instagram и WhatsApp, овозможувајќи размена на пораки помеѓу различни апликации.

Одвоеноста од Facebook колку и да е очигледна и провидна, сепак донела одредени предности и за Instagram и за WhatsApp, како на пример стекнувањето поголема популарност меѓу младите корисници во времето кога се намали популарноста на Facebook. Одлуката доаѓа во време кога FTC (Federal Trade Commission) истражува дали бројните аквизиции кои ги направи Facebook имале за цел да ја уништат конкуренцијата, што потенцијално би можело да биде проблем, бидејќи конкурентноста влијае врз квалитетот на производот.

Прегледи:
562
Објавено на:
05.08.2019