Категории

#ИнстаСреќа Секој ја раскажува својата приказна на свој начин, а оваа девојка го користи инстаграм како свој дневник исполнет со прекрасни моменти

Секој профил има своја убавина, а беспрекорниот стил на @ljamova може да се види преку нештата кои таа ги сака, ентериерот, модата, патувањата.

Нејзиниот профил е исплнет со секојдневни нешта, нејзиниот дом, сопругот и пријателите, мачката, мода и патувања, но ја прашавме што најмногу сака да фотографира. Низ смеа вели „Да бидам искрена, најмногу сакам јас да сум пред објективот… “, но тоа во што најмногу ужива е да ги става во рамка местата кои ги посетува.

„Уживам во патувањата, а секоја фотографија ми причинува дополнително задоволство, бидејќи на тој начин можам закогаш да го зачувам моментот и да го споделам она што јас сум го видела. После некое време кога ги разгледувам фотографиите од моите патувања можам за миг да ги доловам истите емоции кои сум ги имала на тоа место.“

 

A post shared by Ljamova (@ljamova) on

Како и сите вистински инстаграмџии ги добивала прашањата Зошто толку сликаш? Зошто толку споделуваш?

„Едноставно е, со фотографиите ги зачувуваме и најмалите нешта засекогаш, долго откако се веќе заборавени. А со споделувањето нели среќата се зголемува, а тагата намалува. Како што созревам забележувам дека и интересите за фотографирање се менуваат, вкусот се истенчува и стилот се усовршува. Се трудам инстаграм да ми биде фото дневник и во таа фаза од животот сум кога го уредувам сопствениот дом, па затоа сега повеќе сум фокусирана на фотографирање на домот.“

 

A post shared by Ljamova (@ljamova) on

Бидејќи голем фокус има ставено на ентериерот, ја прашавме која е тајната за совршен ентериер, според неа?

„Нашиот дом е местото каде што се поврзуваме со најблиските, растеме, се забавуваме, се опуштаме. Онаму каде што ние сме најмногу ние. Па затоа и тајната за совршен ентериер е оној кој живее во тој простор, да се чувствува свој во него. Домот треба да соодвествува и да го отсликува нашиот животен стил и да е катче во кое ќе го наоѓаме нашиот мир.“

 

A post shared by Ljamova (@ljamova) on

„Ја почитувам индивидуалноста и сметам дека секој дом треба да биде огледало на сопствениците, а не само скап проект и нов мебел. Не сум професионалец од оваа област, одлуките за уредување ги донесувам спонтано и најмногу ме водат емоциите. Мој совет до сите што го средуваат ентериерот е да се обидат да ја раскажат својата приказна на оној кој ќе влезе во нивниот дом, а не само слепо да следат трендови. Тоа што за мене е совршено, за други не е.“

A post shared by Ljamova (@ljamova) on

„Ние нашиот дом го уредуваме скромно, но многу љубов и тоа она што се обидуваме да го споделиме со другите преку хаштагот #thezenzonekd. Настојувам постојано да имам некој нов проект во домот зошто и најмалата промена како што е едно ново перниче ме радува и го освежува домот. Сега следен проект е уредување на бебешкото катче.“

A post shared by Ljamova (@ljamova) on

Инспирацијата ја наоѓа како и сите нас, на блоговите, социјалните мрежи и Pinterest, „Но сепак најголема инспирација црпам настрана од екранот. Пред да почнеме со уредување на домот, заедно со сопругот патувавме во неколку скандинавски земји и навистина бевме воодушевени од едноставноста, практичноста и функционалноста што ја внесуваат во своите ентериери. Можам да кажам дека тие патувања многу ме инспирираа за да го средиме домот онака како што е сега.“

 

A post shared by Ljamova (@ljamova) on

„Сакам светли простори. комбинација на црно, бели и сиво со дрво, едноставни дезени со геометриски фигури, црно бели постери, обожавам мермер, собни растенија, особено кактуси, големи огледала. Имаме доста винтиџ елементи и една фотеља која е хајлајт во дневниот простор.“

 

A post shared by Ljamova (@ljamova) on

Како изгледа твојот совршен ден?

„Се будам наспана до мојот сопруг и не морам да брзам за на работа. Го пиеме првото кафе и заедно појадуваме, а потоа го поминуваме претпладнето на сонце во природа. Потоа спремам вкусен оброк за пријателите или семејството. Седиме на нашата тераса и уживаме во погледот со вино и добра музика. Како што може да се забележи ми треба љубов, сонце, храна, пријатели, семејство, музика и вино за денот да ми е совршен.“

A post shared by Ljamova (@ljamova) on

Најчесто фотографира со Iphone 6 или со фотоапарат Nikon D3200, кој сеуште го учи. Фотографиите најчесто и се обработени со VSCO и алатките кои ги нуди инстаграм.

 

A post shared by Ljamova (@ljamova) on

Што те прави среќна?

Среќна сум кога не ме буди аларм наутро. Кога совршено ќе се нашминкам или баш парчето облека што ми се допаѓа е на попуст. Среќна сум кога ќе си купам нешто за дома. Ме прави среќна сопругот и кога поминувам време со пријателите и семејството.“

A post shared by Ljamova (@ljamova) on

„Среќна сум кога сум на сонце или кога планирам ново патување и кога посетувам ново место. Ме прави среќна играњето со мачорот и начинот на кој ме пречекува кога доаѓам дома од работа. Ме прави среќна храната, особено паста и помфрит. Среќна сум кога вежбам јога. Ме прави среќна совршена фотографија. Среќна сум кога инстаграмувам.“

 

A post shared by Ljamova (@ljamova) on

 

Таа во нејзиниот инста дневник ги прикажува сите убави моменти од секојдневието, а ако ви е потребна доза креативност и убавина, кликнете follow на @ljamova, и секако следете ја среќа.

Прегледи:
882
Објавено на:
14.03.2018