Руската убавица Ирина Шаук изгледа совршено со шминка, но и без шминка. Тоа уште еднаш го покажа, со фотографија која ја направи едно утро, во обична памучна маица, со интересен натпис: “Play with my trouser snake Irina Shayk”, која ја доби како подарок.
Но, вниманието го привлече со чистото лице, на кое и љубоморат скоро сите жени на светот. Фотофрафијата моментално доби 151 илјади лајкови, а фановите и доделија и многу коментари.
Една од најубавите жени во светот, моментално се наоѓа во Њујорк, на Недела на модата, каде вчера таа носеше колекција од познатиот дизајнер Марк Џејкобс.
Таа се подготви за работа, со оглед на тоа дека дел од летото го помина на одмор со дечко и Бредли Купер, со кој е во врска повеќе од една година.