Категории

Исфрлете ги веднаш од вашиот дом: 7 предмети и растенија кои носат кавги и сиромаштија

Според фенг шуи и народните верувања, постојат одредени предмети и растенија кои е потребно да ги исфрлите од вашиот дом. Се верува дека тие носат несреќа или ја задржуваат лошата енергија во куќата. Погледнете кои се сметаат за особено лоши, затоа што може да донесат кавги и сиромаштија.

1. Скршен часовник

Според фенг шуи, треба да ги исфрлите сите скршени работи од вашиот дом, а особено скршените часовници. Тие наводно укажуваат на несреќни случувања во иднината.

2. Црна врата

Кинеското верување вели дека црната врата повикува лоша среќа во вашиот дом, но не и ако е свртена кон север.

3. Стар календар

Според старите суеверија, не е добро доколку ја немате свртено страницата на календарот на тековниот месец или пак ознаката за датум ви останала на погрешно место. Календарот е симбол за поминување на времето, а ако го користите на погрешен начин, се смета дека тоа може негативно да влијае на вашиот живот.

4. Скршени садови

 

Според кинеското верување, садовите симболизираат богатство и семејство. Ако јадете од малку скршени чинии, потсвесно повикувате проблеми во својот живот. Затоа, штом нешто ќе ви се скрши, фрлете го веднаш.

5. Кактуси и растенија со трње (освен рози)

Се смета дека тие внесуваат негативна енергија во вашиот дом.

6. Мртви растенија

Исто како и вештачкото цвеќе, така и мртвите растенија се верува дека носат лоша среќа, па, според фенг шуи, треба да ги исфрлите од вашата куќа што е можно порано.

7. Бршлен

Според старите верувања, отровниот бршлен кој расте во куќата, носи несреќа.

Прегледи:
576
Ознаки:
·
Објавено на:
25.01.2017