На први јануари 2018 година Исланд стана првата земја во светот која ги изедначи платите на мажите и на жените.
Според новиот закон, компаниите и владините агенции со повеќе од 25 вработени ќе треба да добијат сертификати за еднаквост на платите. Оние кои нема да го направат тоа, ќе плаќаат казни.
Од Исландската асоцијација за женски права велат дека луѓето веќе сфаќаат дека проблемот со еднаквоста меѓу половите е систематски и мора да се решава со нови методи.
Веќе девет години по ред, Светскиот економски форум ја рангира Исланд како најдобра држава во светот според еднаквоста меѓу половите.