Категории

Истражи ја Крива Паланка- поврзи се со природата – Почуствувајте ја урбаната димензија на градот

Предлог дестинација за да ги избегнеме  жешките летни денови е секако североистокот а тука се наоѓа најсевероисточниот град во државата, Крива Паланка која ќе не спаси од пеколните температури и ќе ни пружи вистинско летно урбано уживање.

Кога ќе бидете таму, прошетајте низ кејот на Крива Река или пак возете велосипед по велосипедско ролерската патека долж Крива Река и уживајте во зеленилото кое Ве опкружува од сите страни.

Одморете се во паркот, но посетете и некој од околните кафе – бар локали и уживајте во доброто кафе или некој од другите освежителни појадоци. Секако не заборавајте да прошетате и да уживате на ново изградената пешачка патека која нуди одличен поглед на целиот град.

 

Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на  ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија