Категории

Истражи ја Крива Паланка- поврзи се со природата – посетете го домот на светецот Јоаким Осоговски

Испосница на Свети Јоаким Осоговски се наоѓа во атарот на село Градец на околу 7 километри северно од Крива Паланка.

Според легендата, на ова место на аскетски живот се подвигувал кривопаланечкиот  светец Јоаким Осоговски, пред да се премести во месноста викана Бабин Дол, каде што денеска се наоѓа неговиот манастир. Денеска овој локалитет претставува уредена дестинација за посета на туристи и пригодно место за организација на одредени културни активности во природа. Сето ова идеално се вклопува во амбиелталниот простор, подножјето на врвот „Расовец“, како и археолошкиот локалитети Клепало и Градиште (местото на кое според преданијата се наоѓал градот според кој селото го добило името, а денес сеуште постојат остатоци од разрушени ѕидини и грнчарија), кој се наоѓа во непосредна близина на испосницата. Овој локалитет е со остатоци од доцна антика и среден век и сеуште е недоволно и нецелосно истражен. Во непосредна близина на испосничката пештера месното население го прославува Свети Симеон. Исто така во селото се наоѓа Црквата „Свети Никола“ од 19 век, а во нејзина непосредна близина е старото селско училиште , кое денеска е целосно реновирани и адаптирано за сместување на туристи.

 

Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на  ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија