Меѓународната планинарска трансверзала 4М (По патот на една легенда од 11-ти век) е прва брендирана трекинг патека во Република Македонија, (патека 4М-1 Св. Гаврил Лесновски – Св. Јоаким Осоговски). Меѓународната планинарска трансверзала е авторски проект на планинарскиот водач Стојанче Величковски, и како таква е прифатена од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
Патека 4М е содадена во духот на народната традиција врз познатата Лесновска легенда. Истата има за цел да ги поврзе во Балкакска трекинг патека поврзувајќи ги манастирите на некогашните пустиножители Св. Гаврил Лесновски и Св. Јоаким Осоговски во Македонија, Св. Јован Рилски во Бугарија и св. Прохор Пчински во Србија.
Планинарско-културна манифестација традиционално се оджува во предпоследниот викен од мај а како туристички аражман според заинтересираност на учесниците. Протегањето на патеката преставува магичен спој на монументалните споменици на културата манастирите св. Гаврил Лесновски (пробиштипско) и Св. Јоаким Осоговски (кривопаланечко). За да се помине во еден ден потребно е учесниците да имаат добра физичка подготвеност. Со изградбата на сместувачкиот капацитет во рамките на туристичката инфо точка во селото Каврак (кратовско) се создаваат услови трансверзалата да се организира во помали групи и како дводневна тура.
Ретко кој може да состане рамнодушен на вистинсото изобилие на природни реткости, културни знаменитости, геоморфолошки форми, ареали на ендемични флора и фауна, тадиционална архикектура, селско-стопански објекти, па и подрачја кои што се вистински куриозитет во Македонија каде што оргиналната народна носија е во секојднена употреба. На патеката има доволно пивка вода, но истата како еднодневна спаѓа во средно тешките патеки, за послабо подготвени учесници има можност да се организира како дводневна и делумно да биде помината со организиран превоз.
Годинава турата се оддржува во периодот од 17-19 мај.
Повеќе инфо можете да најдете на фотографијата
Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија