Категории

Италијанскиот милионер ужива со 30 години помладата жена

Флавио Бријаторе (66), сопственик на тимот на Рено во Формула 1, некогашен плејбој и италијански милионер, овие денови одмара на Миконос со 30 години помладата сопруга, манекенката Елизабета Грегораци.

Флавио и Елизабета се венчале пред седум години и изненадиле многумина со тоа, што поради разликата во години, што поради неговата репутација на непоправлив женкар и најпознат ерген во Италија.

Чудењето на другите не им пречело во брачната среќа, а парот пред пет години го добил и синот Нејтан, кој ужива со нив во Грција.

02-flavio-elizabeta-13

Брачната заедница на познатиот Италијанец личи на вистинско мирно пристаниште. И тоа воопшто не наликува на Флавио Бријаторе кого го следеа многу скандали.

03-flavio-elizabeta-13

И скандалите претежно беа поврзани со неговиот љубовен живот. Позната е неговата врска со Наоми Кембел, но и бурната романса со Хајди Клум, со кој ја добил ќерката Лена (11).

04-flavio-elizabeta-13

Сега се чини дека неговата врска со Елизабета поминува без проблеми, Италијанката плени со својата заносна убавина, па покрај неа многумина не го ни забележуваат италијанскиот бизнисмен.

05-flavio-elizabeta-13

Прегледи:
457
Објавено на:
23.08.2016