Категории

Ива Матиќ, жената пилот на која ни небото не ѝ е граница: Со позитивна мисла тргнувам на лет

Ива Матиќ е првата жена пилот во Армијата која седна во воен хеликоптер и авион, а денес управува патнички авион во авиокомпанијата Виз Ер.

На само 34 години, со помош на нејзината професија, посетила околу 60-тина земји во светот. Кога ќе каже дека по професија е пилотка луѓето на прва не ѝ веруваат.

„Ми треба некое време да ги убедам“, вели таа,оти ретко која жена се занимава со оваа работа.

Првиот лет со авион на Виз Ер ѝ бил во текот на тренингот, од Темишвар, Романија до Лондон и назад во еден ден. Најдолгиот ден ѝ бил 14 часа, на четири релации во еден ден.

„Има разлика да се биде пилот на воен авион и патнички. Јас во Армијата летав воен хеликоптер којшто собираше одзади 24 луѓе максимум, а сега летам патнички авион кој може да има од 180 до 230 луѓе. Целата механика, структурата на авионот, начинот на летање е тотално различен“, рече Ива

Слушнете повеќе за приказната на Ива:

 

Прегледи:
274
Категории:
Занимливости
Објавено на:
25.10.2022