Ако мислевте дека ова е крајот за Мили Боби Браун со нејзината улога во хит серијата Stranger Things, размислете повторно.
Дванаесетгодишната девојка не се откажува тука, па дури за прв пат ја имаше на насловна страна на списание и погодете што? Изгледа подобро отколку што мислите. Мили се наоѓа на насловната страна на месечниот број на Interview Magazine. Девојката сеуште не е ни тинејџерка, но изгледа покул од сите тинејџери заедно. Сетоа ова не асоцира на едно прашање: Дали може да биде подобра и од ова?