Категории

Изгледајте шик и на минусни температури

Кога се минусни температури не е лесно да се облечете онака како што сакате без да смрзнете. Затоа совладајте ги основните правила на слоевитото облекување, така што вашата зимска комбинација ќе биде тренди но сепак топла.

Ви нудиме неколку трикови како да изгледате совршено кога се минусните температури во прашање…

# Голем топол шал…оваа зима се вратија во мода XXL шаловите кои нудат топлина и удобност. Па затоа не го напуштајте домот без својот голем дебел шал.

# Внимателно бирајте ги материјалите…блузата од вискоза секако дека изгледа одлично на вас, но таа нема да ве загрее. За зима одберете материјали од волна и кашмир. Секако дека тие се поскапи, но верувајте се исплатат за секој денар.

# Елек…можеби не се најубавите парчиња, но едноставно ги обожаваме тенките елеци кои се носат под капут. Иако се тенки тие се топли, а зошто да немате уште еден слој кој ќе ви даде дополнителна топлина.

izgledajte-sik-i-na-minusni-temperaturi-02

# Топол аксесоар…покрај фантастичниот елек, постојат уште неколку парчиња кои ќе го подобрат вашиот зимски аутфит. Па затоа подновете се со чорапи, хулахопки и хеланки.

# Шешир…добар шешир ќе вклопите во разно разни комбинации, но едно е сигурно, со него ќе изгледате модерно. Плус овој детаљ ќе ве заштити од ветерот и мразот.

izgledajte-sik-i-na-minusni-temperaturi-03

Прегледи:
532
Објавено на:
28.01.2016