Кој би можел да помисли дека по датумот на раѓање може да се предвиди типот на фигура, односно како ќе изгледа една личност. Во тоа ни помага нумерологијата.
За тоа е потребно да се собере датумот, месецот и годината на раѓање. Потребно е да се собира додека не се добие едноцифрен број.
На пример, датумот – 12.05.1990 се смета вака: 1 + 2 + 0 + 5 + 1 + 9 + 9 + 0 = 27 = 2 + 7 = 9. Бројот девет за оваа личност го одредува типот на нејзината фигура.
Обидете се и вие да пронајдете нумеролошки код на датумот на вашето раѓање и погледнете што кажува за вас.
Број 1.
Такви личности најчесто водат многу динамичен начин на живот и ретко патат од дебелеење. Динамичноста им носи витка и затегната фигура.
Број 2.
Личностите со број 2 имаат тенденција кон дебелеење, честопати низ животот држат диети. Но, тие не смеат да прегладнуваат. Наместо тоа, треба да се даде предност на храната од билно потекло и физичките активности.
Број 3.
Овие луѓе имаат склоност кон непотребни грижи. Сите знаат дека кога е тешка душата, тешко е и телото. Обидете се да се ослободите со непотребниот терет со негативни емоции и ќе изгледате подобро и подобро.
Број 4.
На личностите од овој тип им се препорачува да се занимаваат со омилените активности. Отсуството на работните сатисфакции може да предизвика силно чувство на глад. Како резултат, телото почнува да создава залихи на непотребни масти.
Број 5.
Типот на фигура на оваа личност зависи од неговата животна позиција. Оптимистите секогаш ќе имаат витка линија. Живејте го животот со полна плуќа и вашето тело нема да пати од вишок килограми.
Број 6.
Луѓето од овој тип честопати имаат пропорционална фигура. За да ги зачувате убавите облини, доволно е само да се храните рационално.
Број 7.
На овие личности е многу важно да ги одржат добрите односи со партнерот. Често, поради проблемите во врската (бракот), можат да почнат да имаат проблеми со вишокот на килограми.
Број 8.
На ваквите личности им е многу важно да научат да простуваат. Лутината само може да одекне во акумулација на вишок килограми.
Број 9.
Овој тип на луѓе се многу склони кон дебелеење, а елиминирањето на вишокот килограми нема да им биде лесно. Важно е да не му дозволувате на своето тело да складира масти.