Во малото данско одморалиште Блокус, 30 скулптори го изградија највисокиот замок од песок во светот.
За уметничко дело високо 21,16 метри, кое веројатно ќе се најде во Гинисовата книга на рекорди, беа потребни 4.860 тони песок, измешан со десет проценти глина за да се направи посилен, пренесува nova.rs. Тимот предводен од Холанѓанецот Вилфред Стигер од почетокот на јуни гради прекрасен замок од песок. Конечно, се нанесе слој лепак за да се преживее цела зима неоштетен.
Со своите 21,16 метри, уметничкото дело во Блокус е за три и пол метри повисоко од претходниот рекордер од 2019 година. Врвот на замокот од песок е украсен со круна – повикување на коронавирусот (латински збор корона значи венец или круна), што го држи светот во неизвесност од декември 2019 година.