Категории

Изгубила 89 килограми за 18 месеци, а од својата исхрана исфрлила само еден вид на храна

Кога 30 лекари ѝ кажале дека нејзиниот живот е сериозно загрозен, таа сфатила дека единственото решение е здравиот начин на живот. Исфрлила еден вид на храна од исхраната и резултатите биле неверојатни.

Ова е вистинска приказна за една млада жена која имала повеќе од 150 килограми. Нејзиниот проблем со дебелината станал уште поголем и пострашен кога останала бремена на 17 години и кога почнала да јаде многу повеќе отколку претходно.

Проблемот со тежината кој го имала бил навистина застрашувачки. Имено, дури 30 доктори ја предупредиле дека ако продолжи толку многу да јаде, ќе и преостане уште само една година од животот, пишува порталот Kurir.rs.

Исплашена од застрашувачката прогноза на докторите, таа одлучила целосно да го промени својот начин на живот и да се бори за него. Наместо нездрава храна, оваа млада дама почнала да јаде само готвена, здрава храна и здрави грицки. Успеала да изгуби 89 килограми за помалку од 18 месеци.

Таа престанала да јаде индустриски преработувана храна која содржи големи количини на шеќери и јаглехидрати.

Ова е чудесната диета која ѝ помогнала да ослабе толку многу:

Појадок: Малку сланина со пиперка, домат, печурки и две јајца.
Ручек: Печен или сварен компир со чили.
Ужина: Овошје или јогурт.
Вечера: Шпагети со сос од домат или сирење.

Beautiful smiling woman with red strawberry

Некогаш порад прекумерната телесна тежина имала болки во грбот и едвај можела да се движи. Но, сега таа е наградена со титулата „жена на годината“ од страна на центарот за дебелина кој се занимава со луѓе кои имаат проблем со телесната тежина, пишува порталот Kurir.rs. Нејзините здравствени проблеми сосема исчезнале и сега води нормален и здрав живот.

Прегледи:
438
Објавено на:
21.02.2016