Елена Макалоска е најстариот излекуван пациент од корона вирус во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. Нејзината фотографија со дел од медицинскиот тим на одделението која вирално се прошири на социјалните мрежи и порталите, создаде нова надеж во битката со ковид-19.
Од болницата напишаа дека имаат причина и за славење, бидејќи 85-годишната Елена била примена во исклучително лоша состојба со слаба крв, тешкотии во дишењето, со тешка пневмонија, а сега веќе една недела нема температура и добила два негативни теста за ковид-19. Таа вели дека се чувствува одлично. Последните денови нема потреба од кислородна поддршка.