Излезе новата емисија на готвачот Никола Исаиловски aka Fat Cacko. Емисијата наречена “It’s Sandwich Time” е дел од познатиот бренд Fat Kitchen и преку неа ќе може да погледнете и научите како сами да направите вкусни и неодоливи сендвичи.
Брендот Fat Kitchen во продукција на Pinched скоро 3 години е дел од македонската кулинарска култура, најчесто објавуваjќи свои емисии преку дигиталните платформи, но исто така Никола Исаиловски, основачот на Fat Kitchen е активен како „шеф“ на разни културни настани, телевизиски и радио емисии.
Емисијата, освен на Youtube, ќе може да ја погледнете и на Facebook каналот на Fat Kitchen, додека на Instagram може да ги следите новите случувања од кујната на Цацко.